Фотографии на македонската пејачка Каролина Гочева се злоупотребени за рекламирање на козметички производи. Поради тоа Гочева се огласи на Инстаграм, каде потенцираше дека станува збор за лажна реклама и ги замоли нејзините следбеници да ја пријават кога ќе им се појави како објава на социјалните мрежи.
– Дечки, веќе некое време кружи оваа лажна реклама. Повеќе пати се обидовме да ја пријавиме, но повторно се појавува од различни профили. Важно е да знаете дека е лажна реклама, која го користи и го злоупотребува мојот лик. Доколку не ви е тешко, ве молам да ја пријавите кога ќе ви се појави“, напиша таа во сторијата на Инстаграм.
– „CoraLift“ – ја подмладува кожата природно. Завршија деновите на ботокс инјекции и затегнување на лицето, пишува на рекламата, на која има и фотографија на пејачката.
skopskoeho.mk