Денеска извршивме увид на неколку локации каде во тек се градежни активности.
Извршивме увид на градежните активности за изградба на примарна фекална канализација во селата Горно и Долно Лакочереј. Голем проект од кој бенефит покрај овие две села ќе има делмно и селото Орман. Значен зафат на кој работиме од самото преземање на Локалната самоуправа.
Потоа извршивме увид на активностите за изградба на Памп уп трака во просторот на поранешната касарна. Овај проект е во рамки на проектот кој што го аплициравме и добвиме финансиски средства од Европската унија, а во кој влегуваа и реализацијата на Касарна хаб.
Исто така во рамки на поранешната касарна ги посетивме активностите за изградба на нови административни простории за ЈП „Нискоградба“, пишува во својата објава градоначалникот Пецаков.