Семејство од Србија доживеало незгода на автопатот додека се враќало дома од одмор во Грција, кога нивниот автомобил се запалил.
Приказната за солидарноста и помошта при несреќната околност, семејството ја сподели на социјалните мрежи.
Како што пишуваат на социјалните мрежи, Македонци и Грци се нашле на местото на настанот и им помогнале да го изгаснат опожареното возило.
Семејството јавно изразува благодарност до овие храбри луѓе.
-Почит за нашите пријатели на автопатот, Македонци и Грци се здружија да ни го изгаснат автомобилот што се запали на враќање од море“, порачаа од семејството.