(ФОТО) Апасиев се пожали: Некој му ја изгребал „Алфата” и си заминал

Пратеникот во македонското Собрание од редовите на Левица, Димитар Апасиев објави фотографија од неговиот автомобил кој бил оштетен.

Апасиев напиша дека некој му ја оштетил „Алфата“ на собранискиот паркинг и си отишол.

„Ми ја изгребал Алфата на СОБРАНИСКИОТ ПАРКИНГ и си отишол!? Ете, така заврши еден прекрасен пратенички ден“, напиша Апасиев.

извор: ФБ Димитар Апасиев