(ФОТО) Бајден на шопинг во Масачусетс

Американскиот претседател Џозеф Бајден заминал на празничен шопинг во Масачусетс каде што го поминува Денот на благодарноста, во неколку помали продавници како дел од она што малопродажната индустрија го нарекува „Малите продавници во сабота“.

Бајден, неговата сопруга Џил и ќерката Ешли оделе од продавница до продавница на главната улица во центарот на Нантакет, запирајќи во Поло Ралф Лорен, Марејс Тогери Шоп и Блек дог, меѓу другите, објави АП.

 

media.mk