Пејачката Наташа Беквалац не престанува да мами воздишки со изгледот во својата петта деценија од животот.
Имено, таа имала настап вчера пред белградската публика, а со својот провокативен стајлинг никого не оставила рамнодушен, особено припадниците на посилниот пол.
Немало човек кој не гледал во неа кога се појавила во проѕирно боди, на кое интимните делови биле прекриени со циркони.
Многумина прво помислиле дека пејачката нема ништо на себе, а потоа сите гледале во нејзиниот „жежок“ изглед додека пеела.
„Оваа жена е се’ позгодна и позгодна“, „Бомбастична“, „Се поубава и пожешка“, „Не можам да го тргнам погледот од неа“, „Вечерва ги засени сите“, „Оваа жена е кукла“ – се само дел од коментарите.