Нашата пејачка Антониа Гиговска неодамна објави дека е бремена со своето прво дете, но очигледно, таа нема намера да направи пауза во кариерата, туку продолжува со планираните настапи и свирки, а пред публиката во Струмица настапи во провокативен аутфит.
Неодамна беше објавен нејзиниот најнов хит „Хабиби“ што го сними заедно со Пајак, којшто руши рекорди, а сега Антониа Гиговска им се враќа на настапите низ градовите во Македонија.
Антониа Гиговска вчера (03.02.) настапи пред публиката во Струмица, а како што може да се види за оваа прилика избрала провокативен аутфит во кој го истакна трудничкиот стомак.
crnobelo.mk