(ФОТО) Бутикот на Диор во Лондон блесна во празнично руво

Диор „нароси“ празнична магија низ целата стоковна куќа „Harrods“ во Лондон, каде моментално се наоѓа нивниот бутик.

Француската модна куќа го украси целиот објект и го трансформираше во голема „слатка“ куќа, инспирирана од популарните куќарки од колачи со ѓумбир.

Сето ова е за поп-ап изложбата „The Fabulous World of Dior“, на која на интересен начин ќе бидат презентирани креации од врвната модна куќа. Истата ќе трае до 3 јануари 2023 година, а во меѓувреме ќе биде вистинска атракција за минувачите и омилена дестинација за празнични Instagram фотографии.

 

 

 

femina.mk