Холандска театарска група изведува перформанс на Кралското пристаниште среде Лондон. Пораката е јасна: климатските промени се во пол ек, водата ни се искачува до грло. Или до покрив.
За потребите на перформансот изведен во рамките на фестивалот на отворено, Гринвич+Докленд, во каналот на реката Темза е потопена вистинска куќа. Инспирација за уметниците била катастрофалната поплава во Северно Море во 1953 година, но темата е сега посебно актуелна поради покачувањето на нивото на морињата и екстремните временски непогоди.
DW