Од денеска на потрагата по детето Петар Џобоски се приклучи и Дирекцијата за заштита и спасување. Во потрагата се ангажирани седум припадници на ДЗС од кои четири од Тимот за брз одговор за спасување од планини од ПОЗС – Битола, еден припадник од Тимот за спасување од високи објекти од ПОЗС – Прилеп и двајца вработени од Секторот за оператива и логистика.
фото: ДЗС