(ФОТО) Во Сирија и Турција загинаа 22.765 лица. Тие копаат масовни гробници, означувајќи ги блиските само со камен

Бројот на загинати во земјотресот во Турција се искачи на 19.388, објави во петокот попладне турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Тој посочи и дека се повредени 77.711 лица.

 

Од друга страна, како што пренесуваат светските медиуми, во Сирија загинале 3.377 лица. Тоа значи дека бројот на загинати во овие земји достигна 22.765.

 

АП објави фотографии и видеа од Сирија и Турција на кои се гледаат преживеаните граѓани како копаат масовни гробници за да се збогуваат со своите најблиски. Еден Сириец дури ја дал својата земја за луѓето да ја закопаат бидејќи на градските гробишта немало повеќе место за покојникот.

 

danas.hr