Никој не е пред граѓаните!
Долгогодишниот проблем со пералната за автомобили лоцирана веднаш до ООУ “Братство- Миѓени” конечно е решен! Општинскиот инспекторат денеска ја затвори пералната, која не само што го узурпираше тротоарот, туку го попречуваше слободното движење на граѓаните и претставуваше опасност за учениците, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Тетово Билал Касами.
Во објавата Касами додава:
Затворањето на оваа автоперална доаѓа по бројните поплаки на граѓаните од околината и родителите на учениците од ова училиште кои побараа од општината да интервенира и да создаде нормални услови за слободно движење на учениците. Општинскиот инспекторат излегол на терен и утврдил дека пералната за автомобили не исполнува ниту еден услов за работа.
Ниту една узурпација нема да се толерира! Градот им припаѓа на сите! Јавните простори се за секого!
извор: ФБ Билал Касами