(ФОТО) Гола фотографија од Рада Манојловиќ објави нејзин обожавател, пејачката најави тужба

Бившиот учесник во реалното шоу „Парови“, Дарио Шогоровиќ, кој тврдеше дека на Рада Манојловиќ ѝ платил 10.000 евра за една ноќ, сега објави нејзина гола фотографија. Лицето на девојката на фотографијата е покриено со емотикон и не може да се види дали станува збор за пејачката или друга девојка.

Рада одговори дека не знае која е девојката на фотографијата и рече дека случајот ќе го пријави до надлежните.

„Каков пациент мајко мила. Не сум имала ваков случај од скоро. Што би рекол Шојиќ има да попие дисциплинска, се разбира на суд. Луѓе, па девојкава дури и не личи на мене. Не се потрудил ни да ја среди на фотошоп или да ја намонтира мојата глава. Толку е очигледно дека станува збор за лага. А дека е згодна, згодна е. Доста беше од проститутки да се прават светици, а од Рада проститутка“, рече пејачката и ги праша жените кои се залагаат за еднаквост на правата меѓу мажите и жените не застанале зад неа.

 

vesnik.com