Извршив увид на градежните активности за асфалтирање на улица „Будва“. Денеска стартуваше првата фаза и се асфалтираше еден крак во должина од 250 метри. Активностите за асфалтирање на улица „Будва“ продолжуваат и во наредните денови. Претходно екипи на ЈП „Нискоградба“ на оваа улица работеа на поставување на нова атмосферска канализација.
(ФОТО) Градоначалникот во увид на градежните активности за асфалтирање на улица „Будва“

Вредноста на проектот изнесува 7 000 000 денари, средства од буџетот на Општина Охрид.
Ги посетив и подготвителните работи за асфалтирање на улицата „Прилепска“. На овој дел крај реката Сушица се уредува и речното корито. Дополнително ќе се постави нова атмосферска канализација, ќе се изградат нови тротоари, а сите кабли ќе бидат поставени под земја по што ќе следува асфалтирање на улицата.
Исто така извршив увид и во Лескоец каде се работи на поставување на нова водоводна линија која е во должина од 600 метри. Со завршувањето на оваа активност домакинствата кои живеат на оваа улица ќе бидат приклучени на новата линија.
стои во објавата на градоначалникот Пецаков.