Второто дете на Даниел Кајмакоски наполни една година.
40-годишниот пејач сподели слатки фотографии од роденденот на Стефан. На нив, малото момче дува свеќичка на роденденски колач и си игра во домашна атмосфера. На една од фотографиите, Стефан мирно спие.
„Среќен роденден, големо момче“ – напиша Кајмакоски.
Стефан е син на Даниел од бракот со неговата сопруга Марина, со која се венча на почетокот од минатата година.
Тој има уште еден син од првиот брак со Кристина Димитријевска.
femina.mk