(ФОТО) Доброволното противпожарно друштво „Ентузијаст“ од Охрид и Дебрца доби ново противпожарно возило

Денеска заедно со амбасадорот на Република Австрија, г. Мартин Памер, присуствувавме на официјалното примопредавање на противпожарно возило – донација од Покраината Тирол, Австрија, наменето за Доброволното противпожарно друштво „Ентузијаст“ од Охрид и Дебрца.
Оваа донација претставува значајна поддршка во напорите за јакнење на капацитетите на нашите доброволни и територијални противпожарни служби.
Упатувам искрена благодарност до амбасадорот Памер, до покраината Тирол, Австрија и до сите вклучени во оваа иницијатива. Верувам дека ова е добра основа за понатамошна соработка, особено во делот на стручни обуки, размена на искуства и техничка поддршка.
Продолжуваме посветено да работиме на јакнење на капацитетите и градење функционален и одржлив систем за управување со кризи, заштита и спасување, со фокус на долгорочни и системски решенија, се вели во објавата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.