Даниел Станчев од „Инвока“ ја запроси обвинетата Ирена Ивановска на рочиштето за изрекување пресуда за случајот „Софтвери“, објави 360stepeni.mk.
Имено, двајцата беа неправосилно осудени на четири години (Даниел Станчев), односно на три години и шест месеци (Ирена Ивановска).
До запросувањето дојде откако обвинителката Ивана Трајчева побара да им се определи притвор на четворица од неправосилно осудените, меѓу кои и за Даниел Станчев.
Трајчева како една од околностите поради кои бара притвор го наведе тоа што Станчев нема имот и нема оформено семејство. Потоа Станчев во судница зеде збор, ги кажа своите аргументи против притворот и, кога зборуваше за околноста што нема семејство, се сврте кон обвинетата, кажа дека е вљубен во неа, клекна на колена и ја побара за жена.
Текстот во целост на: 360stepeni.mk