Во текот на изминатата вечер (26/27.02.2022) полициски службеници од Бирото за јавна безбедност при МВР во координација со Државниот пазарен инспекторат, Управата за јавни приходи и Државниот инспекторат за труд спроведоа акциска контрола во пет угостителски објекти и едно казино во Тетово. Притоа, затекнати се 11 малолетници во угостителски објекти по 24 часот, од кои осум малолетници конзумирале алкохол, а 14 се затекнати без да поседуваат ковид сертификат. Откриени се три кривични дела од кои едно за употреба на лажен сертификат, а до надлежното обвинителство ќе биде поднесен поднесок и против сопственик на објект кој упатувал закани кон полициските службеници и инспекциските служби.
Related Posts
Ковачевски од Самитот на НАТО: Ги јакнеме инвестициите во колективната одбрана за засилена безбедност на нашите граѓани
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, пред официјалниот почеток на Самитот на НАТО во Вилнус, Литванија изјави…
(ВИДЕО) Москополе – село со долга историја, мир, природа и преубави ресторани
Селото Москополе во Албанија е вистинска дестинација за еднодневна прошетка или преноќување во чиста природа. Селото е уредено со камени…
(ВИДЕО) Кражба на обувки од влез во Струмица
Сиромаштија во Македонија. Ова го докажува и видеото на социјалната мрежа Фејсбук на кое се гледа како лице од влез…