(ФОТО) И на свои 64 години сеуште е кралица на стилот!

Само што зачекорила на црвениот тепих, сите останати дами паднале во втор план. Шерон уште еднаш докажа дека е кралица на стилот и дека и на 64 години може да им парира на двојно помладите девојки.

Таа се појавила во струкиран baby-pink костум, додека целокупниот стајлинг го комплетирала со чанта и патики од модната куќа „Долче и Габана“. Струкираните женски костуми и оваа година се тренд, а оваа нијанса е полн погодок и особено добро им стои на русокосите.

Актерката не прашува колку чини кога нешто ѝ се допаѓа, па така за аксесоарот издвоила 1750 евра, додека за чевли платила 495 евра.

Сепак, сигурни сме дека може да се копира овој стајлинг и да се најдат парчиња по пониски цени.

Јасно е дека добила чиста десетка од модните експерти, но и голем број пофалби од нејзините фанови на социјалните мрежи.

fashionel