На почетокот на месецов Каролина Гочева преку социјалните мрежи го откажа концертот во Охрид, што требаше да се одржи на 4-ти август и ги информираше своите обожаватели дека е позитивна на ковид.
Очигледно, откако го прележа вирусот, пејачката се чувствува добро, па ова лето одлучи да ја посети Италија.
Каролина објави фотографии од одмор во Пуља, каде во моментов е заедно со нејзиниот сопруг Михаил Корубин.
Пејачката сподели и две видеа на кои се гледа дека имале можност да ги посетат и историските градби, но исто така и да уживаат на плажа во италијанското гратче Галиполи.
View this post on Instagram