Ми претставува особена чест што имав можност да го запознаам Македон Димитриевски. Малиот генијалец фасцинира со своето знаење по математика, како и со говорењето на странски јазици, напиша на својот ФБ профил Претседателот Стево Пендаровски.
Во објавата претседателот додава:
Овие ученици се од посебен интерес за нашето општество и заслужуваат максимална посветеност од страна на државата. Да создадеме стимулативна средина која ќе го поддржи, поттикне и насочи развојот на децата со натпросечна интелигенција.
фото: ФБ Претседател Стево Пендаровски