Момче беше испратено со аплаузи и насмевки од болницата во која 70 недели примаше хемотерапии и се лекуваше.
Џејмс среќно заѕвони на ѕвончето кое го означи крајот на неговата макотрпна битка со туморот на ‘рбетниот мозок. Првата хемотерапија, тој ја прими во ноември 2021 година, а помина и низ две операции за отстранување на туморот.
„Звукот на ѕвончето дека НЕМА ПОВЕЌЕ ХЕМОТЕРАПИИ е најангелскиот звук“ – пишува на видеото.
Татко му постојано ја документира неговата борба со опаката болест и споделува видеа и фотографии на Instagram.
Сега, по завршувањето на лекувањето, Џејмс е среќно момче кое не само што може самостојно да оди, туку и да трча.
femina.mk