Монако или официјално Кнежевство Монако (Principauté de Monaco; Principatu de Múnegu) — мала независна држава во Западна Европа. Монако се наоѓа на брегот на Средоземното Море и граничи од три страни со Франција. Од Италија Монако е оддалечен само 16 километри. Вкупната површина на Монако изнесува 2 квадратни километри и има население од 33.000 жители.
Монако е име на државата и на единствениот град во државата. Оваа држава е позната по ниските даноци, па така богати странци сочинуваат околу 84% од населението.[7] Често Монако се именува како Лас Вегас на Европа.
Монако е уставна монархија и кнежевство, каде на чело на државата е кнезот Алберт II. Династијата Грималди владеела со Монако уште од 1297 и официјално независноста на Монако била призната во 1861. Иако Монако е независна држава, безбедноста на државата е во рацете на Франција.
фото Анадолија Агенција