(ФОТО) Набавена е нова опрема за занималните во ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ во Охрид

Со цел да се обезбедат подобри услови за згрижување на дечињата во ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ деновиве е набавена нова опрема за занималните.

Опремата се состои од 37 детски масички од буково дрво за деца од 2 до 6 години, 100 детски дрвени, анатомски столчиња за деца и 95 детски душеци од 100% памучен материјал.

Во текот на оваа година ќе бидат реализирани низа проекти за поставување на нови фасади на неколку објекти од градинката, нови подови, реконструкција на внатрешни ѕидови и набавка на нова опрема.