Амра е шестмесечно бебе која издвои победа во важна животна битка. Вистинска мала хероина, во моментов моја најмала пациентка на Клиниката за неврохирургија, која се избори со тешка операција. Амра сега ќе има нормален раст и развој. И посакувам многу здравје, безгрижни детски денови исполнети со многу љубов и среќа, напиша доктор Филипче во својата објава на ФБ.