(ФОТО) Нова кованица од 2 евра во оптек од 24 јануари

Нова монета од две евра со ликот на Елбфилхармонијата излегува на 24 јануари, а Бундесбанката објави дека треба да бидат пуштени во оптек до 30 милиони такви монети.

„Елбфилхармонијата ни е драга и наскоро ќе можете да платите со неа“, објави во средата на својот Твитер профил финансискиот сенатор на Хамбург, Андреас Дресел (СПД).

Монетите постепено ќе бидат пуштени во оптек како дел од вообичаените парични потреби на банките и трговците и затоа порано или подоцна сите монети ќе се појават во платежниот промет, пренесува Независне новине.

Новите монети го означуваат почетокот на серијата монети „Bundeslender II“, во која секоја година се одликува една сојузна држава со издавање на монета од две евра со препознатлив симбол.

Новиот серијал особено се фокусира на културниот идентитет и регионалните карактеристики на одредени земји, дизајниран од уметникот Михаел Ото од Роденбах.

faktor.mk