(ФОТО) Објавени снимките од пристигнувањето на терористката на местото на бомбашкиот напад во Истанбул

Објавени се снимките од моментите кога терористката пристигнува на местото на настанот во Бејоглу, Истанбул, и кога си заминува по експлозијата, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Полициската управа на Истанбул ги сподели видеоснимките од безбедносните камери на кои може да се види како сириската државјанка Алхам Албашир пристигнува на „Таксим“, ја остава бомбата и по експлозијата си заминува од местото на настанот.

Терористката Албашир е приведена истата вечер, а во силната експлозијата на улицата „Истиклал“ во Истанбул животот го загубија 6 лица, а 81 лице беа повредени.

На снимките се гледа како терористката, на денот на инцидентот пристигнува на улицата „Истиклал“ на Плоштадот „Таксим“ во 15:17 часот и се движи по улицата со ранец и кеса во рака.

Се забележува дека терористката, која се обидува да го скрие својот лик со марама, доаѓа пред едно кафуле во 15:29 часот и со својот ранец и кесата седнува на клупата пред една продавница каде што се случи експлозијата во 15:30 часот.

На снимките се гледа дека Албашир седи на клупата околу 41 минута, потоа ги остава ранецот и кесата на клупата во 16:11 часот и тргнува кон Плоштадот „Таксим“, а почнува да бега по 16:14 часот, во моментот кога се случува експлозијата.

Има и снимки од моментите кога терористката околу 16:17 часот пристигнува на Плоштадот „Таксим“ и пешачи пред еден хотел.

извор: Агенција Анадолија (АА).

фото: Агенција Анадолија (АА).