Повеќе од 9.500 килограми кокаин се пресретнати во Доминиканската Република. Надлежните зборуваат за рекорден улов. Дестинацијата на дрогата била Белгија. Полицијата започна истрага против десет лица кои би можеле да бидат поврзани со заплената на дрогата.
Откритието е направено во пристаништето Кауседо, во близина на главниот град Санто Доминго. Коксот бил скриен во контејнер со банани од Гватемала. Намерата била дрогата да биде пренесена во друг контејнер, кој требало да биде ставен на брод за Белгија.
Станува збор за 9.528 килограми кокаин кој бил поделен на 320 вреќички. На сликите објавени од владата се гледаат членови на единицата за борба против дрогата како стојат меѓу пресретнатата дрога.
Уличната вредност на дрогата изнесува стотици милиони евра.
извор:НОС Холандија