(ФОТО) Отстранет тумот тежок 10кг во болница во Хрватска

Голем потфат на лекарите од болницата во Забок кои отстранија тумор тежок 10 килограми. Туморот, кој зафаќаше две третини од абдоминалната празнина, беше целосно отстранет без компликации.

Самата операција траела четири часа, а пациентот е во добра состојба и наскоро ќе биде отпуштен од болница. Ваквите тумори се ретка појава, а уште поретко се оперираат во окружните болници. Сцените може да вознемират некои.

„Тоа беше посебен случај. Невообичаено за нашата болница бидејќи најчесто вакви тумори и операции се прават во поголеми болници. Но, пациентот е од нашето подрачје и изрази желба операцијата да се направи таму. Сеуште не сме добиле дефинитивна потврда, но според изгледот сигурно ќе се работи за бениген тумор. Не видовме знаци дека прераснува во околните органи“, изјави Томислав Вукиќ, специјалист по општа и абдоминална хирургија.

 

 

 

4news.mk