Претседателот на Левица, Димитар Апасиев и членови на Левица, овој викенд беа дел од петта планинарска тура која се одржа на планината Плачковица.
Дел од традицијата на овие активности е и посета и оддавање на почит на спомен обележјата на паднатите македонски херои кои се бореле за слободна и независна Македонија.

Во текот на турата, го посетија и местото кадешто се наоѓала болницата на Главниот штаб на НОБ и ПОЈ за Македонија во 1944г., каде за жал голем број ранети во борбата против бугарскиот фашистички окупатор го загубија животот за слободата на својот народ. Нивната жртва и дело нема да бидат заборавени.




foto FB