Полициски службеници на СВР Тетово вчеравечер (26 април) околу 19 часот и 10 минути, на улица “Благоја Тоска” во Тетово, го лишиле од слобода 51-годишниот тетовец Г.Г. , затоа што при преглед му бил пронајден над еден килограм марихуана.Марихуаната била пронајдена во неговиот ранец и во објект во близина, распоредена во различни садови и кеса, а пронајдени, исто така биле и зипер кеси.Тетовецот Г.Г. задржан е во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен поднесок за “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”, казниво по член 215 од Кривичниот законик.Со соодветен поднесок тој денеска (27 април) ќе биде изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово.
(ФОТО) Полицијата во ранецот на тетовец најде 1 кг марихуана
