Во моментов најзагрозени подрачја се Козарје, Вич, Долги мост и Тацен. Поради големата опасност Сава да се излее низводно од Тачка, сирената се огласи и во главниот град, изјави Роберт Кус, заменик командант на Цивилната заштита на Љубљана.
Евакуирана е и градинката во Гобица од каде стигнуваат драматични сцени.
Во повеќе области низ државата кои беа најпогодени од обилните врнежи, луѓето останаа без струја. Најзагрозено е снабдувањето со електрична енергија во Корошка и Згорња Савињска долина.
Електричните комунални претпријатија кои се обидуваат да пробијат во тешко достапни места, ги повикуваат граѓаните да не се приближуваат до електричните инсталации.
извор: ФБ PGD Mengeš