Вчера-вечер во еден познат скопски локал портпаротлот на опзициската Вмро-Дпмне Димче Арсовски и се заколна на вечна љубов на убавата струмичанка Соња, со која по неколку годишна врска, лани склучи граѓански брак.
Во меѓувреме, Соња и Димса се остварија во улогата на родители откако како круна на нивната љубов, на свет дојде и малиот Давид кој е во центарот на нивното внимание и е непресушен извор на среќа и задоволство.
Овојпат заљубениот пар направи забава за која уште долго ќе се зборува.
Невестата беше совршено стилизирана од глава до пети и промени две венчаници. Првата ја следеше нејзината линија на тело, завршуваше со длабок шлиц а во горниот дел беше оплеменета со безброј пердуви. Косата и беше пуштена и извиткана на бранови.
Во вториот дел од вечерта таа заблеска во кратка бела венчаница со светкави каменчиња, а косата ја собра во пунџа.
kurir.mk