На 29.03.2022 околу 04.00 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од ЕВР Карпош ги лишиле од слобода В.Ѓ.(43) и Н.Т.(31), двајцата од Скопје, поради сомнение дека се сторители на кривични дела тешки кражби. При преглед во возилото „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, во кое се превезувале, биле пронајдени повеќе предмети погодни за извршување на кривичните дела. Додека при претрес во домот на В.Ѓ., извршен со судска наредба, од полициски службеници од ЕВР Карпош и Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, биле пронајдени и одземени повеќе од 600 грама амфетамин и предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со кривични дела тешки кражби. Исто така, при претрес во домот каде престојува Н.Т., извршен со судска наредба, биле пронајдени предмети поврзани со кривично дело. Двајцата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Related Posts
Само во последните три часа, тлото на Турција е погодено од 30 земјотреси.
Само во последните три часа, тлото на Турција е погодено од 30 земјотреси. Овие земјотреси можат да се следат на…
(ВИДЕО) Тијана од Скопје во народна носија на натпревар во Германија ја отпеа „Македонско девојче“
Тијана Тушевска од Илинден, Скопје, учествуваше на меѓународен натпревар по пеење “Color of voices” во Германија и ја испеа “Македонско…
Петровска оддаде почит во спомен на загинатите бранители кај Љуботенски бачила
Денеска, во спомен на осумтемина бранители и припадници на Армијата кои животот го загубија кај месноста Љуботенски Бачила, министерката за…