На 08.02.2023 полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ на МВР, Сектор за економски криминал и корупција, Сектор за компјутерски криминал и дигитална форензика, СВР Скопје и инспектори од УЈП, врз основа на наредба на Судија на претходна постапка од Основен суд Скопје, извршија претрес на домови на две локации во Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „приредување на игри на среќа без лиценца односно дозвола од надлежен орган“, предвидено и казниво по чл. 156 од Законот за игрите на среќа и за забавните игри.
При претресите во објектите се пронајдени и одземени 50 лаптоп компјутери, 351 мобилен телефонски апарат, 237 СИМ картички, 14 компјутери и 3 ДВР од надзорни камери. Исто така, во објектите беа затекнати 16 лица, од кои 11 турски државјани, за кои беше известен Секторот за странци, а три лица се приведени, со наредба од ОЈО Скопје и изведени пред Јавен обвинител.
По целосно расчистување и документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
извор: МВР
фото: МВР