Денеска во 09.30 часот во угостителски објект во Прилеп, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп ја лишиле од слобода В.В. – земјоделски инспектор во Државен инспекторат за земјоделие поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп” по член 357 од Кривичниот законик. Таа била затекната при примање поткуп од 64.000 денари од лице од Прилеп, по што веднаш била лишена од слобода, а парите ѝ биле одземени. В.В. била приведена во полициска станица и по целосно документирање и расчистување на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Related Posts
Расно куче нападна и касна осум луѓе во центарот на Куманово, меѓу нив има четири ученици
Куче од расата азијат, тешко 72 килограми, претпладнево нападнало осум кумановци, меѓу кои четворица ученици од ОУ „Крсте Мисирков“. Сите…
Од полноќ дизелот поскапува за 2 денари
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени…
По приведувањето на мајката за подметнување пожар: Уапсен e осомничениот за убиство во Хром
Денеска во 14.20 часот на подрачјето на населба Влае, во брза заедничка акција на Оперативен тим Потраги во содејство со…