Три дена по ред, 120 уметници, домашни и странски цртаа графити во Приштина.
Улицата, позната како Улица Б, во релативно новата населба, е меѓу реоните со најмногу бетон.
Меѓутоа, на дел од улицата, веќе 7 години по ред им се овозможува на уметници да ја искажат својата креативност, во рамките на фестивалот Meeting of Styles Kosovo.
Тема на годинешниот фестивал беше „Критична маса”.