(ФОТО) Својата баба преку шминка ја трансформираше во холивудска дива

Младиот шминкер и фризер Александар Драмичанин ги воодушеви своите следбеници на социјалните мрежи кога комплетно го трансформира преку шминка ликот на неговата баба.

Имено, тој својата баба Милоратка (88) ја нашминка и ја претвори во холивудска дива.

-Баба ми како и повеќето стари живее на село, не се шминка, не ја фарба косата,  и носи шамија. Но таа е жена која плени со својата внатрешна и надворешна  убавина и така ми дојде идејата да ја средам. За време на карантинот останав со своето семејство во Ивањица и ја искористив можноста да ја убедам. Кога ја нашминкав и се погледна во огледало , само се насмеа, несвесна за својата убавина, вели Александар.

 

 

thenewsgo.co