(ФОТО) СДСМ објави табло од Мицкоски: „Неработниците и класниот“, а ВМРО ДПМНЕ им врати – „Државна криминална академија“

Откако владејачката СДСМ објави фотографии од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и партискиот лидер Христијан Мицкоски наредени како на матурско табло нарекувајќи ги „неработниците и класниот“, опозицијата возврати на ист начин, објавувајќи контратабло.

Таблото кое го објави ВМРО-ДПМЕ е наречено „Државна криминална академија“ и на него се објавени фотографии од функционери на СДСМ на чело со актуелниот премиер Димитар Ковачевски, наредени во неколку отсеци.