Пејачката Северина на Инстаграм сподели фотографија со познатиот дизајнер на ентериер и пријател Борис Ружиќ.
Имено, таа отишла во Истра да го поддржи во неговиот нов проект за внатрешно уредување на луксузен хотел.
Неодамна Борис беше поканет на прославата на 50-тиот роденден на Северина во познат загребски клуб и објави фотографија со неа.
Таа во коментар јавно му порача: „Те сакам“ со емотикон на срце.
Да потсетиме, Северина се разведе од Игор Којиќ по шест години брак.
24sata.hr