(ФОТО) Скопјенец се пожали дека струјата потрошена во шест дена од месецот два пати е наплатена

Скопјенец се пожали дека струјата потрошена во шест дена од месецот, од 16 до 21 јули, два пати е наплатена. Еднаш во сметката за периодот од 23 јуни до 21 јули, а вториот пат во сметката за периодот од 16 јули до 22 август, објави Република.

Како што може да се забележи од побјавената сметка, деновите од 16 до 21 јули се јавуваат во двете сметки, па едни исти потрошени киловати му се наплатени два пати.

Ова тој го оквалификувал со еден збор – КРАЖБА.

извор: Република

фото: Република