(ФОТО) Собир во Скопје за почит на загинатите во трагедијата во Кочани

Голем број граѓани вечерва  се на плоштадот Македонија во Скопје, на собир во знак на почит за жртвите кои настрадаа во неделата во пожарот во дискотека во Кочани.
„Грутка во грлото, солза во очи, не сте сами“, „Со крвави раце ги броите парите“, „Кажи ми како без тебе да бидам“, „Од алчност, децата ги претворивте во пепел“, „Народот страда додека системот одмара“, „Заради гнилиот систем, гниеме млади“, се дел од пораки на транспарентите на насобраните граѓани.