Поранешната македонска фолк-пејачка Соња Тарчуловска ужива во љубовта со својот сопруг, Јохан Тарчуловски, поранешниот пратеник во нашето собрание.
Тој овој пат ја изненади со едно романтично патување, а како дестинација го избра преубавиот град Барселона.
Тие посакаа да уживаат во овој шпански град кој и во есенскиот период зрачи со својот неодолив шарм.
Објави неколку фотографии на кои е со саканиот, од кои можеме да видиме дека и двајцата се воодушевени и уживаат во ова нивно патување.
glamur.com