На словенечкиот сајт neurje.si, кој се занимава со следење на времето во оваа земја, објавено е видео од послабо торнадо снимено над Дравско поле.
На истоимената Фејсбук страница е наведено дека пред околу една недела е забележан временски феномен, невообичаен за нашите простори и дека е снимен од извесен Митја М&П.РОКАВЕЦ, претставен како ловец на торнада.
Ова торнадо се појавило на 19 јули над Дравско поле во правец на Птуј и траело само десетина минути.
Станува збор за торнадо од категоријата F0 што развива брзина на ветер од 65 до 120 километри на час.
Во меѓувреме, разорни суперклеточни бури ја погодија Словенија, но многу посилно торнадо беше забележано минатата недела на северот на Италија.