Како дел од третата фаза од реконструкцијата на улицата “Македонски Просветители” во тек е поставување на два нови шибери со профил ф 200, еден шибер со профил ф 100 и еден шибер со профил ф 80 а истовремено се врши и репарација на два шибери со профил ф250 и еден шибер со профил ф100.
Со оваа голема акција значително ќе се подобри регулацијата и водоснабдувањето во централното градско подрачје, велат од ЈП Водовод Охрид.