(ФОТО) Улицата „Македонски просветители“ во Охрид, во завршна фаза

Улицата „Македонски просветители“ во завршна фаза. Реконструкција на улицата е главниот инфраструктурен проект кој Општина Охрид ќе го реализира како дел од „Проектот за поврзување на локални патишта” имплементиран од Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка.

Со новото сообраќајно решение  на оваа улица има две одвоени коловозни ленти со тротоари од двете страни, велосипедскa патекa, нова атмосферска канaлизација и ново улично осветлување. Возните ленти и такси паркингот се од гранитни камени коцки со димензии 10/10/10см, орабени со камени гранитни рабници. Тротоарите пак се изведени од гранитни камени плочи со димензии 33/33/3см, а на велосипедската лента се поставени гранитни камени коцки со димензии 5/5/8см. Во должина на улицата има среден разделен цветен појас, на кој веќе се засаден дрворед, од двете страни.

 

извор: Охрид 1