(ФОТО) Унгарскиот премиер Орбан одмара во Хрватска: „Ги чекаме Путин и Трамп, доцнат“

Покрај посетата на Киев, Виктор Орбан беше и во Москва каде се сретна со Владимир Путин, додека во Вашингтон пред шест дена разговараше со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. По напорните патувања, унгарскиот премиер очигледно решил повторно да се одмори во Хрватска.

Орбан овој пат го избра јужниот остров, а со него успеа да се фотографира и сопственикот на популарниот ресторан Вила Калиопа, Горан Печаревиќ.

„Ги чекаме Путин и Трамп. Доцнат“, се пошегува Печаревиќ со објавената фотографија што ја објави на Фејсбук, на која седи со унгарскиот премиер и со насмевка ги креваат рацете во воздух, исто како поранешниот американски претседател Доналд Трамп по атентатот.