Царински службеници на граничниот премин #Ќафасан на влез во државава месецов запленија непријавена стока во два посебни случаи, за кои ќе се спроведе постапка за утврдување на правото од интелектуална сопственост.
На 4 март царинските службеници на Ќафасан заплениja пратка од женски чанти со потписот на познати модни брендови кои албански државјанин сакал да ги продава во државава.
На 11 март царинските службеници запленија пратка од 50 пара патики и 23 ранци во возило со италијански регистарски таблички управувано од македонски државјанин.
Против лицата се поднесени соодветни пријави, а стоката е привремено одземена и предадена на понатамошна постапка.
Македонската царина ги повикува граѓаните заради нивна безбедност и заштита да купуваат стоки со потврдена интелектуална сопственост од официјални застапници.
извор: Царинска управа