Косовската претседателка Вјоса Османи денеска е во официјална посета на Македонија на Тетово.
Во нејзина чест во градот осамнаа билборди со нејзиниот лик и наслов „Добре дојде претседателке“ напишано само на Албански јазик.
На билбордот го има грбот на Општина Тетово но нема информации дали општината е нарачател на објавата.
Она што боде очи е што на билбордот воопшто не се споменува во која држава е гостинка Османи.
фото: Нова Македонија