(ФОТО) „Јагуар“ возилото кое сама го одбрала кралицата за пренос до вечното почивалиште

Кралицата Елизабета Втора била пренесена до нејзиното последно почивалиште во замокот Виндзор со модифициран Јагуар, чиј дизајн некогаш го одобрила самата кралица.

Ковчегот со телото на кралицата Елизабета Втора вчера беше пренесен во замокот Виндзор – како што налага традицијата – со специјално возило од британско производство.

Оваа државна погребна кола е базирана на седанот „Jaguar XJ“ од 2010 година и наводно е дизајнирана од „Royal Household“ и „Jaguar Land Rover“. Според „Bazaar“, кралицата била консултирана за плановите и го одобрила конечниот дизајн на автомобилот пред нејзината смрт.

Возилото беше модифицирано и приспособено од „Wilcox Limousines“, со седиште во Виган. Погребната кола беше употребена за прв пат на 13 септември кога го носеше ковчегот на кралицата од РАФ Нортолт до Бакингемската палата.

Големите прозорци им овозможуваат на ожалостените да имаат јасен поглед на ковчегот на кралицата додека патува од Вестминстерската опатија до Виндзор.

Некои од промените на возилото вклучуваат потенки столбови на покривот во споредба со стандардните модели и подигнат покрив.

Државната погребна кола е обоена во „Royal Claret“,иста боја како и другите официјални кралски и државни возила.

 

vecer.press